За нас

За нас

Компанијата Прогрес 1998 Гостивар располага со сопствен каменолом опремен со две сепарации за произвоство на тампонски материјал и за произвоство сите фракции за асфалт и бетон со вкупен капацетитет од 600 m3 /ден.
Целокупниот процес на произвоство e контролиран од стручен тим, каде како составен дел влегува и група за минирање која има одобрение да работи како на каменоломот така и на објекти надвор од него.
Во склоп на каменоломот поставена е и асфалтна база од типот “MARINI” со капацитет од 75 t/h со која се произведуваат на сите типови на асфалтни мешавини согласно важечките стандарди во Р. Македонија.
Произвоството е комплетно контролирано со сопствена лабораторија. Во однос на оперативата за изградба на патишта, компанијата располага со најсовремена механизација за подготвителни работи од долен строј и изработка на горен строј со вградување на асфалтни слоеви.
Во склоп на стручниот тим од инженери и технички кадар компанијата располага и со сопствена теренска лабораторија и геодетско и проектантско оделение со што комплетно е покриен процесот на изградба на патишта.
Прогрес 1998 е компанија која повеќе од 5 години го има имплементирано Системот за управување и ги исполнува барањата на EN ISO 9001:2015, Системот за управување со животната средина и ги исполнува барањата на EN ISO 14001:2015 како и Системот за управување со здравје и безбедност при работа и ги исполнува условите на BS OHSAS 18001:2007 во доменот на ископ и преработка на камен за гранулации во градежништвото, производство на асфалт и изградба на објекти од нискоградба.
Исто така Прогрес 1998 поседува Сертификат за сообразност на контрола на фабричкото производство за Агрегати за битуменски мешавини и површинска обработка на патишта и други сообраќајни површини и Агрегати за неврзани и за хидраулични врзани материјали, кои се користат во градежништвото и во изградба на патишта, издаден од Министерството за економија на РМ.
Прогрес 98 зад себе има работно искуство во многубројни проекти кои се горди сведоци на квалитетот и професионалната изведба во областа на нискоградбата. Прогрес 1998 заедно со својот тим оваа година гордо го прославува својот 30 годишен јубилеј, со богата референтна листа зад себе, задоволни клиенти и вредни и посветени вработени.
Докажаниот квалитет и позитивните препораки се причина компанијата да биде се повеќе ангажирана во проекти од градежништвото ширум целата држава, што налага зголемување на севкупниот капацитет на компанијата.
Нашите понатамошни таргети се набавка на нова сепација и асфалтна база со поголеми капацитети, изградба на хала за сервисирање на механизацијата како и проширување на дејноста на компанијата во областа на Проектирање на патишта.

Наша Цел

Мисијата на ПРОГРЕС 1998 ДООЕЛ, с.Вруток – Госитвар е преку врвен квалитет на услугите на вадење, производство и трговија на агрегат и производство на вградување на афалт, ефикасно да ги исполнува потребите и очекувањата на купувачите со почитување на законските и други барања на заинтересираните страни.

Секоја цивилизација се почнува да се гради со камен и тој останува вечен да ја раскажува нејзината приказна. Затоа градетелите со камен се технологијата и уметноста која е темел на сите наши дела. Ние од Прогрес 98 одговорно ја градиме иднината преку нашата сегашност за да оставиме минато втемелено во камен.

Proekti